Секогаш кога си на плажа, на прошетка или на излет во природа носи си кеса за ѓубре. Само така ќе бидеш сигурен дека зад себе нема да оставиш ништо, освен добар впечаток кај другите луѓе.
Кога ќе видиш отпад во природа, наместо да ја критикуваш туѓата неодговорност, преземи акција и собери го. Можеби твојата постапка ќе биде поттик за некого да го промени своето однесување.
Доколку си сведок на неодговорно однесување, посочи на грешката и обиди се на културен начин да ја објасниш вредностана природните убавини. Ако не можеш да разбереш, собери го ѓубрето и преку личен пример покажи какотреба да се однесуваме.
Биди во тек со сите иницијативи и акции за чистење на природните убавини, приклучи се и дај свој придонес за нивно одржување.
Стани иницијатор на промените и организирај своја еко-акција со пријателите.
Разговарај со пријатели, роднини, познаници… и едуцирај ги за проблемот со отпадот, затоа што само заедноможеме да направиме промена!