Едно од најстарите, ако не и најстарото природно езеро во светот, Охридското, е најзначајниот и најпознатиот природен бисер што ни го подарила природата. Но, зад преубавите пејзажи и вонземската убавина се кријат многу валкани тајни, производ на нашата неодговорност. Како цврстиот отпад кој се одлага директно во езерото од неодговорни граѓани или доаѓа преку притоките кои се влеваат во него, па се’ до нетретираните отпадни води со иста крајна дестинација. Сѐ ова е наше дело!